Хороскопски знаци кои се попогодни за авантура и за врска

1088

Кога бараме партнер во животот, понекогаш некои од нас се консултираат со бајачи, астролози, за тоа кој би бил најсоодветен за нас. Споделуваме краток водич на знаците погодни за авантура и за сериозно поврзување.

Овен

  • за авантура

Ако сакате страст на краток рок, Вагата е вашиот хороскопски знак. Штом сретнете претставник на овој знак, веднаш ќе почувствувате меѓусебно сексуално привлекување.

  • за врска

Кога сакате да градите сериозна и стабилна врска, погоден за вас е претставникот на знакот Лав. Со него ќе бидете емотивно компатибилни, ќе се грижите еден за друг, ќе бидете добри пријатели и добри љубовници.

Бик

  • за авантура

Биковите се чувствителни и жешки во љубовта. Затоа, кога пред нив ќе се покаже можност за авантура, сакаат да паднат на човек кој ќе одговара на овој жежок темперамент. Погоден би бил претставник на знакот Шкорпија. Желбата и силното привлекување се билатерални. Со Шкорпијата ќе имате навистина незаборавни моменти.

  • за врска

Девицата е Хороскопски знак со кој веднаш ќе почувствувате дека сте на иста бранова должина. Нема да ви е досадно со партнер претставник на овој Хороскопски знак.

Близнаци

  • за авантура

Ви треба постојано разновидност и разгорување на страста што само еден Стрелец може да ви даде. Тој ќе ви ја обезбеди слободата од која се потребни.

  • за врска

Од друга страна Близнаците се луѓе кои сакаат долги, смислени и филозофски разговори. Имаат потреба од човек до себе, кој постојано да ги тера да се насмевнуваат, но и да ја почувствуваат вистинската смисла на зборот љубов. Затоа, почитувани Близнаци, пронајдете го вашиот претставник во знак Вага.

Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2