Јадењето штетна храна влијае на бубрезите како дијабетес

1058

Редовната исхрана со штетна храна може да ги оштети бубрезите, исто како дијабетесот, покажува новото истражување, цитирано од британскиот весник “Индипендент”.

Проблемите предизвикани од нездрав режим на исхрана, или овој богат со масти, се исти како оние кај луѓето со дијабетес тип 2. Во рамките на истражувањето истражувачи хранеле група глувци и стаорци со штетна храна како сирење, чоколадни блокови и бонбони за осум недели.

На друга група животни пак им била давана посебна храна богата со масти, во текот на пет недели. Потоа научниците ги разгледале промените кои овие две диети богати со масти ги предизвикале во нивоата на шеќер во крвта и во глукозата во транспортерите во бубрезите на животните.

Транспортерите имаат важна улога при дијабетес и нарушувањето на нивната работа може да доведе до проблеми со некои внатрешни органи. Стаорците со дијабетес тип 2 имаат одредени измени во гликозните транспортери и некои протеини. Истражувањето утврдило дека слични промени се забележани и кај животните со лош режим на исхрана.

Дијабетесот тип 2 се појавува кога телото има проблем со производството на доволно инсулин или не може да реагира правилно на него. Кога тоа ќе се случи, нивото на шеќер во крвта се зголемува, а тоа има негативен ефект за органите во телото, вклучувајќи ги и бубрезите.

“Западниот начин на исхрана вклучува повеќе и повеќе обработена нездрава храна и масти, а постои добро воспоставена врска меѓу прекумерната потрошувачка на овој вид на храна и неодамнешниот пораст на дебелината и дијабетес тип 2”, посочи д-р Хавови Чичгер од универзитетот “Англија Русинки“ во Велика Британија.

“Во нашата студија дијабетесот од 1 и 2 тип предизвикува промени во гликозните транспортери во бубрезите. Штетната храна и онаа која е богата со масти, предизвикува промени, кои се многу слични на оние кај дијабетес тип 2 “, додаде таа.