Кога ќе ви почине мајка, бидете сигурни во една работа

3139

Кога ќе почине лицето кое го сакате, бидете сигурни дека сте го добиле вашиот ангел чувар.

Денот кога ќе ја изгубите мама ќе биде најлошиот и најтажниот ден во животот. Кога таа ќе замине, сè ќе се промени засекогаш. Ќе почнете да чувствувате нешто што дури и не сте знаеле дека постои. Ќе размислувате за нешто што порано не ви се случило. Ќе бидете изненадени од тоа што претходно не сте забележале.

Тоа ќе биде нешто потполно ново и ќе ви го скрши срцето.

Без разлика колку години имате, ќе почувствувате дека на оваа Земја и недостасува вашата мајка. Ќе сфатите колку ви била важна и драга. Колку сте ја сакале, колку нејзиното присуство и љубов сте ги земале здраво за готово. И дури тогаш кога ќе изгубите некој близок, буквално сте парализирани од мислата: „Каде ли е таа сега, во кој свет?“

Ќе ви кажам каде е: со вас! Иако изгледа неверојатно, но таа секогаш е со вас. Таа засекогаш останува ваш ангел чувар кој никогаш не ве напушта и не заборава. Невозможно е да се поверува во тоа, но можете да се заколнете дека сè уште ја чувствувата незината миризба, нејзиното присуство. Не ќе можете да ја допрете, да ја повикате, но таа секогаш ќе биде покрај вас. Понекогаш срцето само ќе ви ги запее зборовите на вистинската среќа и ќе кажете „Мама“ иако одамна не е покрај вас.

Со денови, месеци и години, ќе се прашувате дали таа знае колку сте ја сакале, колку ви недостига, колку ви значи … Вината ќе ве јаде секој ден зошто повеќе пати не сте ѝ кажале дека ја сакате, зошто повеќе време не сте поминале со неа, зошто не сте имале повеќе време за вас двете…

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2