Вкусот на овие кифлички неодоливо потсетува на ванилици…
Потребно
- 250 грама маст,
- 4 лажици шеќер,
- 1 јајце,
- 150 грама топло млеко,
- 1 кесичка сув квасец,
- 500 грама брашно,
- рендана кора од лимон,
- 1 ванилин шеќер.
За полнење ⇒ Џем од капини или некој друг по ваш избор, шеќер во прав.
Подготовка
Изматете ја маста, јајцето и шеќерот, па во тоа додадете го млекото, брашното и останатите состојки. Соединете го и изматете го тестото па ставете го во фрижидер на 3-4 часа. Тестото премесете го и поделете го на 5 делови.
Секој дел развлечете го во круг и поделете го на 8 делови. На секој дел ставете малку џем, завиткајте ги кифличките и ставете ги на плех, па потоа во загрена рерна на 180 степени некои 20-тина минути.

Кифлите треба да останат светли. Наросете ги со прав шеќер и послужете.
Овие ледени кифлички ќе ве воодушеват, бидејќи колку подолго стојат толку се помеки и повкусни.



















