Направете ја оваа мешавина од состојки кои сите ги имаме во домот и вашата бања ќе заблеска.
Состојки
- 7 чаши вода (1,5 литри)
- 1/2 чаша сода бикарбона
- 1/3 чаша сок од лимон ( или 1 супена лажица лимонтус, односно лимонска киселина)
- 1/4 чаша алокохолен оцет
Подготовка
- Растворете ја содата во 1,5 литри вода, па додадете го сокот од лимон и на крајот полека сипете го оцетот.
- Почекајте да помине хемиската реакција и тогаш мешавината е подготвена за употреба.
- Со четка или сунѓер втријте ја смесата во фугите меѓу плочките, и преку плочките.
- Оставете малку да отстои, па исплакнете.
Резултатите се видливи веднаш!



















