Флуорот во водата штети на тироидната жлезда

1370

Накачувањето на тежината и депресијата, предизвикани од хипофункцијата на тироидната жлезда имаат врска со големите количини на флуор во водата за пиење, тврдат научниците.

Скоро објавена студија покажа дека флуорираната вода над дозволеното ниво, е поврзана со 30% почестите случаи на намалена функција на тироидната жлезда во Англија, објави “Дејли Меил”.

Откритието ги натера научниците да бараат ревизија на политиката за јавното здравство, која во моментов ја промовира флуорирана вода, за да се заштити забната хигиена во земјата. Флуорот е минерал кој се содржи во водата и во некоја храна, како чајот и рибата. Главната придобивка од него е намалувањето на ризикот од кариес. Како резултат тој се додава во многу брендови пасти за заби, а во некои области и во водата за пиење.

Но, научниците на Универзитетот во Кент предупредуваат дека флуорот можеби е виновен за хипофункцијата на тироидната жлезда.

Во Англија, околу 10% од населението живеат во области со природно или вештачко флуорирана вода со 1 мг. флуор на 1 литар вода за пиење. Научниците ги разгледаа нивоата на флуор во водата за пиење од 2012 г, обезбедени од страна на Инспекторатот за вода за пиење.Тие ги испитуваа овие нивоа на флуорот заедно со случаите на намалена функција на тироидната жлезда, регистрирани во 7 935 од вкупно 8 020 лекарски ординации.

Откако зеле предвид фактори како женскиот пол и поголемата возраст, научниците утврдиле поврзаност помеѓу зачестеноста на случаите и количината флуор во водата за пиење.Таму каде што количеството флуор било над 0,7 мг. на литар, тие откриле повисока фреквенција на заболени отколку во зони во кои нивото на флуор е пониско.