Грешки при употребата на сув шампон

1690

Сувиот шампон е средство кое доаѓа на помош кога на косата ѝ треба итно миење, но нема време за тоа или едноставно не ѝ е дојдено времето за миење. Многу жени се плашат да ја мијат често косата, за да не ја уништат.

Но, при употребата на сув шампон често се дозволени грешки кои ве спречуваат да уживате во целосните својства. Кои се грешките кои да не треба да ги допуштате?

Прскање сув шампон само во корените

Сушењето на корените е решение на проблемот мрсна коса, но само донекаде. За да издржи најдолго косата без капење потребно е да ја испрскате со сув шампон по целата должина на косата. Само така ќе се отстрани маста, а косата ќе изгледа чиста за уште ден.

Не расчешлување на сувиот шампон

Откако ќе нанесете сув шампон потребно е да ја расчешлате косата, за да го разнесете производот до сите точки на влакното. Така тој ќе се разнесе добро на скалпот и ќе пројави целосен потенцијал.

Чешлате премногу енергично

Премногу енергичното расчешлување на косата го оттргнува производот од влакното и го намалува неговиот ефект.

Исчешлајте ја косата нежно. Освен за соодветна акција на сувиот шампон, тоа е корисно и за косата. Така нема да го повредите влакното.

Прскате сув шампон без да ја покренете косата

Кревање на праменчињата овозможува пристап до секој агол на косата. Така производот ќе дејствува најдобро. Маснотијата не се гледа само од горната страна на косата. Таа започнува откај скалпот, затоа е потребно да прскате и таму.

Обидете се да добиете волумен со бушавење на косата во корените

Наместо тоа треба да се обрне главата надолу и да вбризгува сув шампон откај скалпот . Потоа се фаќа со раце и враќа косата назад на местото. Така ќе добиете максимален волумен.

Нанесувате сув шампон секој ден

Со овој производ не треба да се претерува. Тој не е наменет за секојдневна употреба. Сувиот шампон може да предизвика затворање на порите на кожата, сувост, па, откако ќе се исуши, иритација и чешање, ако се користи премногу често. Нема како да избегате од миењето на косата.