Што вели карминот за вашата личност

1297

Изборот не само на облека, но и на шминка зборува многу за личноста.

Мејкапот не само што ги нагласува предностите на женското лице, туку и е начин дамите да се изразат себеси и да ги покажат своите намери спрема некој маж пример.

Еве и што зборува карминот за вас самата:

Црвен

Жените кои сакаат да ставаат на усните црвени нијанси на кармин се страстни, бестрашни, смели и страсни. Тие се отворени кон авантури и се пошироко отворени кон светот. Бидејќи црвениот кармин ги привлекува погледите, овие дами се суетни и го сакаат вниманието.

Розов

Ако често се обложувате на розовиот кармин, тогаш вие се уште сте во “девојчинска фаза”. Сакате да бидете слатка, а не провокативна и не сте избегале од девојчето во себе.

Кафеава и потемна боја

Дамите кои носат потемни нијанси на кармин, се досадуваат и бараат некакви нови предизвици во животот. Тие сакаат да изгледаат мистериозни, но и да се издвојат од другите.

Телесна боја

Жените кои сакаат природни тонови кармини се приземни, прагматични и не ги сакаат компликациите. Тие се мирни и со нив се разговара лесно.

Црното

Готик изгледот е доста храбар избор. Овие дами се инаетливи, сложени за комуникација и сакаат да се расправаат.