Топ храната против брчки и стареење

1569

Која жена не сака да изгледа вечно млада? Повеќето дами се стаписани од стареењето и со право.

Појавата на брчки и фини линии е еден од најголемите непријатели на младоста и убавината. За да имате убава, еластична и свежа млада кожа е потребно пред се да ја негувате.

Најважното и квалитетно потхранување доаѓа одвнатре. Затоа видете која храна ќе ви помогне да изгледате помлади.

Кафе

Во кафето има активни соединенија кои помагаат во заштитата на кожата од рак. Антиоксидантите во кафето се најголемите борци против стареењето и влошувањето на квалитетот на кожата. Консумирајте кафе со мерка, бидејќи поголемите количини имаат негативни ефекти врз организмот.

Јастози

Во јастогот ќе најдете обилни количества цинк. Тој има антиинфламаторни својства кои ги регулираат процесите во клетките на кожата. Цинкот освен тоа го забрзува обновувањето на клетките што штити не само од предвремено стареење, но делува поволно и кај акните.

Авокадо

Знаеме дека во авокадото се наоѓа прекрасен сет од корисни моно и полинезаситени масни киселини кои го регулираат тургорот на клетките, ги прават еластични и ја олеснуваат нивната фисија. Авокадото помага уште за хидратација на кожата и помага за долготрајното задржување на водата во неа.

Продолжува на страна 2