Ученик платил билет во градски превоз за друг и станал милионер

1688

Момчето се вика Вања (Иван), има 13 години. Заедно се возеле четири станици. За тоа време тој раскажал дека оди на училиште, живее со мајка си и дека татко му загинал. Мајка му Татјана работи во продавница за прехранбени производи. Платата ѝ е мала, така што е доволна само за најосновните потреби. Неодамна решиле да залепат нови тапети во станот, па Вања морал да се откаже од часовите во школата за сликање. Вели дека го платил билетот зашто видел оти на жената со дете ѝ е потребна помош, а во неговото семејство е вообичаено да се грижиш за другиот.

„Вања излезе на својата станица, не стасав да го прашам како се презива. Но, цврсто решив да го пронајдам неговото семејство“, вели Наталија.

Семејството 

Не било тешко да се најде момчето. Преку стари познаници, поранешни школски другари, брзо го нашла одделението во кое оди Вања, а потоа од класниот раководител ја дознала неговата адреса, купила овошје и колачи и отишла да ја посети мајката на Вања.

„Јас баш ги лепев тапетите во станот кога неочекувано дојде една девојка со подарок. Не знаев која е и зошто е дојдена. Мислев дека е веројатно од училиштето“, раскажуваТатјана.

Излезе дека тоа е Наталија Мишина, блогерка со 647.000 следбеници на Инстаграм. Таа беше толку трогната од целиот случај што набргу потоа меѓу своите следбеници започна акција за собирање прилози за семејството од Сибир, со цел што побрзо да се заврши реновирањето на станот и Вања да се врати на школата за сликање. Ја постирала сметката на Татјана.

„Се сеќавам како навечер почнаа да доаѓаат СМС. По една порака сфатив дека сумата ќе биде неверојатно голема. Се сеќавам дека беше потпишано како Наталија, а во описот стоеше Ништо особено. Сумата надмина милион. Тогаш се збунив. Некако сè во мене се испомеша: ова нема врска со нас, ова не е наше, ова е сон“, се сеќава Татјана. За 24 часа на нејзината сметка стасале 1.5 милион рубли, односно 25 .000 американски долари.

Критика 

„Мамо, што толку посебно имам направено? Само ѝ платив билет на жената со детето!“, се прашувал 13-годишниот Вања утрото кога се разбудил и дознал дека практично станал милионер.

За волја на вистината, не бил збунет само тој. Ова „новогодишно чудо“ стаса до локалните и до федералните медиуми. Во коментарите под пораките на Наталија Мишина имаше стотици реакции со восхит, но се појавија и критичари. „Јас сама одгледувам два сина, едниот има 4, а другиот 5 години. Живеам под кирија, немам роднини. Сонувам за сопствено станче. Сè што заработувам давам за градинка и за кирија. А, вие тука сте дале 1.5 милион за лепење тапети. Убаво, нема што“, пишува корисничката liubimova924.

„Мислев дека некому животот му е во опасност, а излезе дека ‘чудото’ и не е некое чудо. Некоректно е да се организира собирање средства зашто момчето има само мајка и дека платил 100 рубли наместо вас. А, зошто во знак на благодарност не подарите стан на децата кои спасуваат давеници и настрадани во пожар, кои собираат ѓубре и ги гледаат болните родители, а да не зборуваме за момчињата на кои тој милион им е навистина потребен за да го продолжат жиотот?“, додава tango.888.

Тешко ми беше да го читам тоа, кажаподоцна блогерката: „Ми доаѓа да ги соберам сите тие пораки и да одговорам: кои сте вие воопшто да судите за тоа кој е достоен за чуда“.

Од добиените пари мајката на Вања планира да го доврши реновирањето на станот и да му купи на сина си стан во некој голем град, Барнаул или Новосибирск.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.