Изложба на SNEGANA MELNYK | Honey & Pepper

3007

Жената е ден и ноќ, сонце и месечина, две крајности што се допираат како небото и водата на хоризонтот.

Жената е нежна и сурова, врела и студена, два света недоприливи што се прегрнуваат како вода и оган во срце истовремено.

Жената е сон и јаве, врева и тишина, два универзума до кои треба да патуваш по Млечниот пат на мистичноста.

Жената е мрак и светлина, изгрејсонце и зајдисонце, две игри на вечноста што можеш да ги разбереш само во мигот на љубовта.

Жената гола, жената облечена, жената е страст и далечина, две струи небесни што треба да ги вкусиш од меѓуножјето на вселената. жената е слатка и горчлива, жената е горе и долу, а ти во средина, жената е од лек и отров измешана, МEД сладок собиран од градите на звездите, лут ПИПЕР набран од папокот на земјата, два вкуса што можеш да ги разбереш само ако истовремено ги вкусиш во душата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.