Вашиот одговор открива нешто за вашата личност!
„Влезот во кој најмногу се плашите да влезете, всушност го содржи богатството кое го барате“, вели Џозеф Кембел, американски историчар и писател кој направил неколку студии базирани на човечката психологија.
Теоријата му е базирана на фактот дека човекот треба да биде среќен и дека мора да пронајде начин како да се ослободи од своите стравови и да ги следи своите идеали. Познатиот психолог Клифорд Н. Лазарус се согласува со него. Тој смета дека луѓето сами може да си создадат одредени препреки кои понатаму ги спречуваат да бидат тоа што се и целосно да се изразат.
Тој ги повикува сите да соберат сила и да се соочат со своите стравови, бидејќи единствено на тој начин ќе ја пронајдат вистинската среќа. За да дознаете кое е вашето богатство што го барате, изберете влез во кој ви е најмногу страв да влезете и пронајдете го објаснувањето.
Стара куќа

За вас може да се каже дека сте дефинитивно човек со многу силна, интелигентна и аналитичка личност. Немате проблеми со прифаќањето на работите онакви какви што навистина се. Своите вредности во животот секогаш ги ставате на прво место и очекувате од другите луѓе да се однесуваат исто како и вие.
Пукнатините по ѕидот покажуваат дека сте подигнале емоционални и духовни ѕидови што резултира со тоа дека на другите им е тешко да допрат до вас. Светлоста која се гледа открива дека сте подготвени да ги отстраните тие емоционални бариери. Вие имате само неколку пријатели, но тоа се вистински пријатели на кои можете да се потпрете.
Богатството кое го барате во вашиот живот е емоционалното задоволство, а со луѓето би требало да градите подлабок однос кој повеќе доаѓа од срцето отколку од главата.
Скалила кои водат кон подрум

Скалите кои може да ве однесат во подрум или на таван, покажуваат дека сакате да бидете слободни и да уживате во животот. Спуштањето низ скалите симболизира страв од тоа да бидете закопани, што значи дека стравувате од смртта и неизвесноста која ве чека во иднината. Вие сте човек кој многу размислува и кој го сака животот.
Богатството што го барате е добро здравје, така што би било одлично ако почнете да водите грижа за себе, односно да се храните здраво, да бидете физички активни и слично. Секогаш почитувајте се самите себеси и ќе го пронајдете она што го барате.
Ледена пештера

Стравот за влегување во ледена пештера покажува дека трошите премногу време и енергија за потрага по емоционална топлина. За вас може да се каже дека стравувате од чувствата како што се тага и фрустрација, како и од тоа да останете сами.
Стравот од ледена пештера покажува и дека моментално минувате низ добра фаза во животот, бидејќи дефинитивно знаете што сакате и што ве прави среќни. Имате големи вредности и не сакате премногу да се врзувате, бидејќи ја сакате независноста и слободата.
Богатството кое го барате е љубовта и тоа не само онаа романтичната, туку и добар однос со пријателите и членовите на семејството.
Напуштена куќа

Ова е еден од најлошите кошмари за вас, бидејќи домот ви ја симболизира љубовта и сигурноста за кои копнеете. Многу сте дарежлива личност која не бега кога му е потребна некому.
Секогаш тежнеете кон тоа да им помогнете на најблиските и да им го олесните животот. Многу сте лојални и срдечни, но за жал, сите луѓе не го ценат тоа. Да ја видите куќата во разрушена состојба за вас претставува пропаст, банкрот.
Богатството што вие го барате е материјалната безбедност. Знаете дека мора напорно да работите за да го постигнете тоа, но не ви пречи. И запомнете, кога ќе дојдете до него, внимавајте да не станете себични – оние кои искрено ве сакаат нема да бараат од вас луксузни предмети, туку љубов и поддршка.
Тунел
![]()
Ако најмногу се плашите да влезете во овој тунел, тоа значи дека морате да поработите на доживувањето и прифаќањето на луѓето и настаните со кои се сретнувате.
Кај вас проблемот е во тоа што вашите мисли и идеи не се сосема бистри, односно би требало да гледате појасно, а со тоа и ќе размислувате подобро. Би требало да ги оставите сите проблеми и да пронајдете решение како да ги избистрите своите мисли



















