На вториот ден од научната конференција на тема „Вакцините во 21 Век – предизвици со кои се соочуваме“ професорот д-р Владимир Трајковски, претседател на Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) ги запозна учесниците со темата: „Дали вакцините имаат улога во настанувањето на регресивната форма на аутизмот?“.
Тој потенцираше дека аутизмот е сериозен ментално здравствен проблем, социјално медицински проблем и образовен проблем. Аутизмот има епидемиски размери и заради тоа тој треба да биде национален приоритет. Аутизмот не е психолошка состојба како што можеби сѐ уште некои луѓе сметаат, туку тој е невро-гастро-имунолошко нарушување што е резултат на генетска сусцептибилност и средински инсулт.
Регресивниот аутизам е само една форма од аутистичниот спектар на нарушувања и може да се дефинира како брз почеток на загуба на претходно стекнати вештини во развојот на Централниот Нервен систем (ЦНС) што се јавува обично во рамките на првите неколку години од животот и може да биде поврзан и со напади или друга абнормална активност на ЦНС.
Клинички, ова е ненормален одговор на вакцинацијата и се нарекува „вакцинална енцефалопатија“, која опфаќа нормално родени новороденчиња или деца со ненадејна развојна регресија, намалена прогресија во развојот и/или напади со брза појава после давање на вакцина. Хипотеза за квантитативниот праг предлага дека аутизмот е резултат на акумулираната изложеност на генетски фактори и причинители на животната средина кои влијаат врз имунолошките фактори поврзани со развојот на ЦНС за да се добие критична инциденција за праг на аутистичен спектар на нарушувања. Физиолошката основа на предложената врска вакцинирање-аутизам резултира од основната асоцијација помеѓу програмирање индуцирано со вакцините на прилагодливи реакции на имунолошкиот систем и негова директна зависност од воспалителни одговори на вакцината врз вродениот имунолошки систем.
Во периодот 2000-2019 во МНЗА биле пополнети 178 протоколи на деца со АСН од Македонија. 50 родители (28%) пријавиле реакција на вакцина: покачена температура, раздразливост, осип, психомоторен немир. Од нив 19 родители (11%) реферирале повлекување на детето во себе, незаинтересираност за околината, губење на контакт очи со очи и регресија во развојот.
Во заклучоците тој истакна дека: аутистичниот спектар на нарушувања навистина има епидемиски размери и постојат мноштво медицински нарушувања на имуниот систем, Гастро – Интестиналниот Тракт (ГИТ,) метаболизмот со генетска предиспозиција. Постојат средински откочувачи кои може да ги иницираат симптомите, но само врз нарушена генетска основа.
Вакцините можат да бидат тригер кај мала субпопулација на деца со регресивен аутизам. Не е препорачливо понатамошно вакцинирање на деца со аутизам кои веќе имаат клиничка слика на регресивна форма. Потребна е студија на вакцинални антитела кај лицата со аутизам во Македонија, како и воспоставување на национален регистaр за оваа ранлива категорија на граѓани.
НЕ Е ПРЕПОРАЧЛИВО ПОНАТАМОШНО ВАКЦИНИРАЊЕ НА ДЕЦА СО АУТИЗАМ КОИ ВЕЌЕ ИМААТ КЛИНИЧКА СЛИКА НА РЕГРЕСИВНА ФОРМАНа…
Gepostet von Od Nas Za Nas / United We Stand Tall am Dienstag, 24. September 2019



















