Анксиозноста е се почеста појава

1977

Анксиозноста треба да добие поважно место во истражувањата на менталното здравје бидејќи е почеста појава отколу што се смета, покажува глобалната анализа посветена на болеста.

Научниците од Кембриџ велат дека од анксиозноста посебно се погодени жените, помлади од 35 години и лицата со хронични здравствени проблеми.

Според нивните проценки, глобално четири отсто од луѓето се борат со оваа болест.

Глобалната анализа на 48 студии, покажува дека секоја година во ЕУ, 60 милиони луѓе се борат со оваа појава, осум проценти од населението во САД, каде просечно се најпогодени, и три проценти од жителите на источна Азија, каде болеста просечно е најмалку распространета.

Анксиозноста е постојано чувство на загриженост, страв и непријатност кое трае подолго време и влијае на секојдневниот живот на поединецот.

На физичко ниво може да биде придружено со зголемување на крвниот притисок, гадење и нарушувања на сонот.

Научниците од Кембриџ, кои го спровеле истражувањето, сметаат дека анксиозноста е проблем кој ретко се истражува, за разлика од депресијата.