Совети од 96 годишна жена – Еве како секогаш да се чувствувате младо и весело

1814

Мојата баба секогаш претставуваше „сензација“ во нејзиниот град. Би рекла дека тоа се должеше на начинот на кој флертуваше и позираше пред камерата, како намигнуваше или ја прекрстуваше ногата – од 6 години, па сè до 96.

Уште откако ја паметам таа се однесуваше како да е најубавата и најважна жена, а и може да се каже дека претставуваше најпаметна и најубава во околината каде ќе се појавеше, таа беше секогаш во добро расположение и ја искористуваше секоја можност да ја покаже својата грациозност.

А, можеби беше и до нејзината насмевка, ведрата насмевка која дофаќаше до срцата на сите кои имаат можност да ја слушнат, бидејќи беше искрена, топла и заразна.

Нешто како комбинација од Бети Вајт и Мерилин Монро – принцеза и старлета…

Но, ми се чини дека она што ја правеше навистина прекрасна жена, не беше само нејзиниот изглед, позите кои ги правеше или насмевката на нејзиното лице, туку и ставот кој го имаше општо за животот.

„Ако не можеш сама на себе да се насмееш, никој нема да те сфати сериозно“ – изјави еднаш сосема случајно додека береше рози од нејзината градина.

Малку ме подзамисли, добро се сеќавам, во еден краток момент бев убедена дека некако погрешно се изрази, но подоцна сфатив што сакала да ми каже.

Кога бев малечка обожавав да излегувам со неа, да се возиме во нејзиниот стар жолт автомобил.

Се сеќавам, еден ден, ми рече: „Ајде на прошетка да се почестиме малку, мислам дека сме го заслужиле тоа ние девојките.“

Во тој момент се насмевнав и едвај чекав да се држам за вратата од нејзиниот жолт автомобил, бидејќи имаше навика да прелетува по булеварите.

Тоа е среќна 96-годишна жена која досега еднаш се премажила,а сега сè уште, иако е сама, живее среќен и исполнет живот.

Бабо, сè уште правиш добри работи за мене, а твоите совети ги ценам како мудрости и се надевам дека ќе ги пренесам на моите ќерки еден ден.

20 начини како да останете млади од некој кој навистина знае како да остане млад …

Продолжува на страна 2