Совети од 96 годишна жена – Еве како секогаш да се чувствувате младо и весело

1840

20 начини како да останете млади од некој кој навистина знае како да остане млад

1. Внимавајте на вашата фигура, бидејќи никој нема да го прави тоа наместо вас. Таа секогаш внимавала што јаде и колку вежба, но знаеше и да му покаже на светот дека не ѝ е грижа за тоа што мисли за неа.

2. Избегнувајте да поминувате време со луѓе кои постојано се жалат за тоа колку се чувствуваат стари. Само ќе ве влечат на дното заедно со себе и повеќе нема ниту вие да се чувствувате или да изгледате млади, како однадвор, така и однатре.

3. Вежбајте секој ден – редовно, без изговори. Не е важно колку сте уморни или мрзеливи. Доволно е само да се движите наоколу и да заборавите дека сте уморни, дури и ќе имате повеќе енергија отколку што сте претпоставувале на почетокот дека ќе имате.

4. Патувајте секогаш кога ќе можете. Да г гледате и откривате светот, само додава во вашиот живот. Мојата баба секогаш ја користеше секоја можност да открива некои нови, егзотични и фантастични места, дури и во своите 90-ти.

5. Дајте си време за да си ја испланирате иднината, да фантазирате за прекрасни работи кои ќе ви дадат причина да гледате нанапред и да чувствувате надеж. Секогаш кога разговарав со баба ми таа имаше нешто ново да ми каже што планира да прави порано или подоцна.

6. Бидете екстравагантни, барем понекогаш. Без разлика на тоа дали станува збор за поскапо парче чоколадна торта или некое парче облека кое прави да се чувствувате секси и гламурозно – секогаш можете да бидете среќни и да се чувствувате како одново да сте млади.

7. На дневна основа, јадете што сакате, пијте што сакате и кажувајте што сакате, но со доза умереност. Таа речиси секогаш уживаше во чаша црвено вино, но никогаш не се опијануваше, иако знаеше понекогаш за танцува поради тоа.

8. Флертувајте со животот, не само со мажи или жени, туку со сè што има животот да ви понуди. Тоа ќе направи да се чувствувате млади, полни со надеж и возбудени секое утро веднаш штом ќе станете од креветот.

9. Опкружете се себеси со ентузијасти, со паметни луѓе, со забавни и интересни луѓе и никогаш не се задоволувајте со просечно.

10. Бидете спонтани. Кога ќе направите нешто поразлично од вообичаеното секогаш ќе се чувствувате како одново да сте живи и млади. Баба ми секогаш правеше неочекувани патувања, кратки екскурзии и прошетки.

Продолжува на страна 3