Неверојатно силна мајка на две деца деновиве привлекува големо внимание на интернет со видео во кое вежба со својата мала ќерка врз себе.
За време на своите тренинзи, Гасја Акметова често прави тешки гимнастички вежби додека 3-годишната ќерка Камали се држи за нејзиниот врат. Погледнете:
Флексибилната мајка, која во минатото настапувала во акробатското шоу „Cirque du Soleil“, споделува кратки снимки и фотографии со илјадниците обожаватели на Instagram и редовно мами комплименти.



















