80 деца си ги избричиле главите како поддршка на соученичка болна од рак | Видео

418

Осумдесет деца си ги избричија главите во знак на поддршка на соученичка болна од рак, која по една година лекување, повторно се враќа во училишните клупи.

На 9-годишната Марли Пек ѝ бил дијагностициран алвеоларен рабдомиосарком пред една година и ова било првпат таа да може да се врати повторно на училиште.

Камерон МакЛаулин сакала да направи нешто за да расположи својата најдобра пријателка Марли, па одлучила да си ја избричи главата. Кога ѝ го соопштила тоа на Марли, широка насмевка заблеснала од нејзиното лице. „Можеме да бидеме ќелави најдобри пријателки заедно“ – ѝ рекло болното девојче.

Добронамерната идеја се проширила низ целото училиште и 80 доброволци се пријавиле за да го направат истото.

Покрај 80-те ученици, на настанот „Бидете смели. Бидете храбри. Бидете ќелави“, се вклучија и три учителки, двајцата директори и мајка на ученик.

„Не мислев дека толку многу луѓе ќе си ги избричат главите, но се чувствувам добро за тоа што се враќам повторно во училиште и што нема да бидам единствената ќелава“ – рекла Марли.

Од продажбата на косата биле собрани 25.000 долари и биле донирани за „St. Baldrick’s Foundation“, организација која поддржува истражувања за ракот кај децата.