Науката докажала | Жените со постојано префрлување им го скратуваат животот на мажите!

1962

Мажите, за разлика од жените, не се жалат кај своите пријатели, туку своите грижи ги чуваат за себе. Ова влијае на нивното севкупно здравје, а на крајот и на повисоката стапка на морталитет кај мажите.

Жени, дали сакате вашите мажи да живеат подолго – престанете со постојаното префрлување, велат експертите.

Данските научници докажале дека кај мажите на средни години ризикот од смрт е дури трипати поголем ако живеат со жени кои постојано се жалат на нив.

Студијата вклучила 9857 мажи и жени на возраст од 36 до 52 години. Оние кои живееле со партнери со кои често се расправале, умирале порано (315), бидејќи биле под постојан стрес. Исто така, придонесува за фактот дека мажите не се склони, како жените, да им се жалат на своите пријатели, туку сè задржуваат во себе.

– Мажите, за разлика од жените, имаат многу помалку луѓе со кои можат да ги споделат своите грижи. Некои од нив дури и не ги спомнуваат своите проблеми. Токму ова е можната причина за зголемената стапка на смртност кај мажите – објаснува д-р Рике Лунд од Универзитетот во Копенхаген.

Таа додаде дека токму партнерката е таа со која мажите би сакале да зборуваат за нивните проблеми, но ако односите во нивната врска се пореметени, тогаш подобро би молчеле. Со текот на времето ова може да доведе до депресија. Покрај тоа, кога се под стрес, повеќето се склони кон нездрава храна, алкохол, цигари … Во исто време тие сè повеќе и повеќе имаат проблеми со спиењето и поуморни се.

Истражувањето покажало дека жените не го проживуваат толку интензивното префрлувањето на нивните сопрузи, ниту пак тоа негативно влијае врз нивното здравје.