ОТКРИЕНИ СЕ И ДРУГИ ОПАСНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

1695

“Ако не ги спречиме, ќе имаме неповратни последици за нашето здравје”!

“Климатските промени влијаат на респираторниот систем”, и ако не ги запреме “ќе имаме неповратни последици за нашето здравје”, предупредиле пет организации, вклучувајќи го и Европското здружение на заболување на дишните патишта (ERS) со седиште во Лозана.

“Во време на екстремно високи температури и висока влажност на воздухот може да се појават симптоми кај астматичарите”.

“Здрави бели дробови за цел живот”

Климатските промени може да делуваат индиректно: “Почестите поплави ја зголемуваат стапката на влага и мувла во затворените простори, што предизвикува астма, алергиски ринитис и респираторни инфекции.”

“Покрај тоа, сѐ поголемото загадување на воздухот и зголемувањето на концентрациите на озон ја намалуваа функцијата на белите дробови и одговорни се за некои негативни ефекти врз респираторниот систем”, истакнуваат организациите, меѓу кои е и Пнеумолошкото друштво на француски јазик (SPLF).

“Доцнењето во донесување одлуки за ограничување на емисиите на стакленички гасови и загадувачи на воздухот со краток животен век ќе имаат неповратни последици по здравјето на сите граѓани”, предупредиле потписниците.