8 космички причини зошто Универзумот нè поврзува со нови луѓе

1896

Што мислите, дали во нашиот живот постојат случајни средби? Не, не, и уште еднаш не! Постојат многу причини зошто Универзумот нè поврзува со различни луѓе.

Во текот на својот живот, секој човек среќава голем број нови луѓе. Некои од нив остануваат со нас кратко време, некои со нас ќе поминат дел од патот, а многу малку луѓе го минуваат нашиот животен пат со нас до самиот крај.

Еве 8 причини зошто Универзумот нѝ праќа различни луѓе:

1. За да нè разбудат одвнатре

Има луѓе кои нѝ создаваат сомнеж и нè наведуваат со тоа да си поставиме прашање самите на себе. Понекогаш тие се постојан дел од нашиот живот, понекогаш тие остануваат многу кратко во него, но во секој случај нѝ помагаат да најдеме дел од себе. Ние не мора да ги сакаме таквите луѓе, но без нив не можеме.

2. Да ги загреат нашите срца

Таквите луѓе се појавуваат во нашите животи кога се чувствуваме како изгасната свеќа и нѝ се чини дека не нѝ е грижа за ништо. Тие не нѝ носат тага и ги прават за нас оние, се чини мали нешта, кои нѝ помагаат да ги стиснеме забите и да продолжиме понатаму, без оглед на сè. Во повеќето случаи овие луѓе минуваат низ нашите животи со брзината на метеор и никогаш повторно нема да слушнеме за нив, но нашите сеќавања на нив нè греат и многу долго ги помниме …

3. Да бидат близу до нас

Тоа се луѓето кои стануваат дел од нашиот живот – засекогаш. Тие остануваат со нас, и покрај сите несреќи со кои се соочуваме на нашиот животен пат. Ова се нашите пријатели, братучеди и најблиските сакани луѓе. Оние кои се секогаш подготвени да нè подигнат ако паднеме.

 Продолжува на страна 2