Среќа во бракот | Демантиран е најпознатиот мит за врските

2057

Среќата во бракот почнува да опаѓа веднаш по венчавката, но спротивно на урбаниот мит, кризата не се случува во седмата година, туку подоцна.

Според истражувањето на научниците од Brigham Young универзитетот во Јута, најголемите проблеми меѓу брачните другари почнуваат да се случуваат меѓу десеттата и петнаесеттата година од бракот.

Тоа го заклучиле по една студија спроведена меѓу повеќе од 2.500 жени, кои одговарале на прашања во врска со квалитетот на своите бракови од моментот кога го изговориле “судбоносното да” до нивната 35-годишнина.

Жените родени во доцните педесети години или раните шеесети од минатиот век, кои се омажиле во своите дваесети години одговарале на прашања за тоа колку често со мажите се расправаат околу домашните работи, одгледувањето на децата, нивните забави и гледањата со други жени.

Одговорите покажале дека во повеќето бракови среќата и комуникацијата се движат надолу од самиот почеток и никогаш не се поправаат.

Околу 65 проценти од испитаничките изјавиле дека со годините на бракот нивото на среќа која ја чувствувале станувало сѐ помало, а 85 проценти се изјасниле дека со времето поминуваат сѐ помалку време во разговор и смеење со сопругот.

Првата опасност за врската доаѓа по десеттата година од брак.

Резултатите на американските научници, објавени во списанието Social Science Research, покажуваат дека препирањата, кавгите и придружната напнатост го достигнуваат својот врв помеѓу десетата и петнаесетата година од брак.

За оние кои ќе успеат да ги надминат критичните години, работите потоа стануваат подобри. А за оние кои навистина се трпеливи, околу 35-тата годишнина браковите се хармонични, исто како и на почетокот.