СВЕТЛЕЧКИ КОНДОМИ | Изненадете ја во темница!

2053

Досега е напишано многу статии за тоа како да го направите вашиот љубовен живот поинтересен. Овој пат Телеграф дава предлог за тоа како вашите љубовни игри да бидат сѐ само не здодевни

Според мислењето на многумина, сексот е совршено поле за игра и фантазија, а производителите на кондоми тоа го потврдиле уште со еден друг необичен патент. Кога станува збор за кондоми, досега мислевме дека видовме сѐ: ребрести, ултра тенки кондоми со бразди, со повеќе или помалку лубриканти (гел за интимен дел) … Сепак, ова уште не сте го виделе!

Замислете колку би било возбудливо, интимните делови од вашето тело да светат за време на сексот ? Токму тоа ви го овозможува грчкиот производ со висок квалитет, кој покрај заштитата може да ви обезбеди и моменти на забава. Станува збор за кондоми на компанијата DUO, кои по краткото изложување на светлина можат да светат во темно.

Сѐ што треба да направите е да ги изложите на посилна светлина најмалку 30 секунди, но не повеќе. Никако не ги ставајте кондомите на директни сончеви зраци или во близина на сијалица, бидејќи од топлината ќе го оштетите. После тоа, затемнете ја собата во која ќе водите љубов и уживајте во дражта на светењето на вашиот светлечки кондом.

Нивната цена е малку повисока од просечната, но за жал, овој тип на кондоми сѐ уште не е достапен на пазарот. Мора да признаеме дека нѝ е многу жал што браќата Грци имаат шанса да засветлат во спалната соба, додека ние сѐ уште сме лишени од овој вид на забава. Искрено се надеваме дека светлечките кондоми наскоро наскоро ќе се појават и кај нас!