Корисник на мрежата Имгур со надимак Матео во понеделникот се пофали со голем напредок. Имено, тој 500 денови не помирисал алкохол, што му помогнало да изгуби доста килограми, но и дека кожата му добила многу подобра боја.
Матео за жал не пишал колку алкохол конзумирал и дали имал некој проблем, но затоа друг корисник на истата мрежа потври дека и него заради истите причини му оди одлично.
„Трезен сум околу 200 дена. Изгубив толку килограми што мојата сопруга се сомнева дека нешто не е во ред со моето здравје. Имено, не е работата само во пивото. Проблемот е и во храната која се уништува благодарение на пивото, поради што чувствувате глад“ , напиша овој корисник.



















