Пластичната хирургија со години е многу популарна, како начин да го доведете своето тело до совршенство, а денес под нож одат, како жените така и мажите.
Покрај вообичаените делови на телото, денес пластичната хирургија се преселила и на помалку вообичаените делови од телото, како што е вагината.
Се верува дека на популарноста на дизајнерската вагина влијае порно индустријата, повеќето од жените изјавиле дека тие се одлучиле за оваа операција по породувањето, а се со цел да постигнат поголемо задоволство во сексот.
Д-р Габриел Довнеј, гинеколог во болницата во Бирмингем, советува жените добро да размислат за оваа постапка, добро да се информираат за операциите и сите потенцијални ризици, како и за цената која не е за сечиј џеб.
Жените најчесто се одлучуваат за лабиопластика која вклучува отстранување на вишокот на ткивото (внатрешната усна на вулвата, која виси надвор од надворешните усни).
Вагинопластика – ласерско подмладување на вагината

За ласерско подмладување на вагината обично е одлучуваат дами кои имаат слаби вагинални мускули, кои тешко се контролираат. За време на операцијата, во вагината се вметнува инструмент на ласерот кој изгледа како стапче, а токму тој го стимулира производството на колагенот.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















