Сите родители чии деца пораснале и сега се во тинејџерски години, знаат како тоа може да биде стресно и исцрпувачко, а децата тврдоглави и полни со желби.
Тоа е време кога тие сѐ би дале доволно да пораснат и родителите да ги сметаат за бездушни суштества кои уживаат да ги контролираат, па сакаат што е можно поскоро да станат самостојни.
Низ слична ситуација поминала и Австралијанката Естел Хевишем
Всушност, нејзиниот син Арон (13) отворил канал на YouTube и преку него почнал да заработува незначителна сума на пари. Со голема гордост ѝ соопштил дека сега е самостоен, а во караницата која следела, тој нагласил дека сега сам заработува и дека Естел веќе нема право да го контролира и да одредува што тој ќе прави.
Наместо да продолжи со караницата или да го казни синот, Естел дошла до генијална идеја – му напишала кратко писмо и ги сокрила неговите омилени работи.
Прочитајте го писмото и ќе разберете зошто овие неколку редови станале хит на интернет и зошто родителите во целиот свет се воодушевени!
“Мил мој Ароне, со оглед на фактот дека си заборавил дека имаш само 13 години, и дека јас сум твојата мајка, изгледа дека ти треба мала лекција за самостојност.
Бидејќи ми се истури во лице дека сега заработуваш, мислам дека сега ќе ти биде полесно да ги откупиш сите работи што ти ги купив до сега. Ако ги сакаш своите лампи, светилки или пристап до интернет, ќе треба да плаќаш дел од трошоците:
Кирија: 430 долари
Електрична енергија: 116 долари
Интернет: 20 долари
Храна: 150 долари
Ќе мора и да го фрлаш ѓубрето во понеделник, среда и петок, како и да ја исчистиш и усисаш куќата. Еднаш неделно ќе ја чистиш бањата, ќе си подготвуваш храна и ќе го чистиш нередот зад себе.
Ако не успееш, ќе ти ги наплатам и услугите на слугинката во износ од 30 долари за секој ден кога ќе треба да го направам тоа наместо тебе.
Ако одлучиш дека повеќе би сакал да ми бидеш дете, а не мојот возрасен, самостоен цимер, може да преговараме за условите.
Те сака мама “
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување



















