Стефан Вилтшир е мошне невообичаен уметник. Тој е во состојба да направи прецизна и детална слика на секој град во светот.
Овој податок е самиот по себе невообичаен а посебно фактот што Вилтшир е заболен од аутизам и ги збунува научниците што се занимаваат со изучување на оваа болест
Заради својот невообичаен талент, Стефан е наречен Човек-камера. Роден е во 1974. во Лондон. На тригодишна возраст научниците му ја поставиле дијагнозата Аутизам.
Тој долго време не можел да го научи англискиот јазик бидејќи во потполност живеел во својот сопствен свет.
На петгодишна возраст, веќе јасно била видлива неговата страст кон цртањето и преку моливот почнал да комуницира со своето семејство. Благодарение на овој талент, почнал да ги учи и пишува зборовите, но никогаш не прозборел заради аутизмот кој кај него е толку силен што во голема мерка му го блокирал центарот за говор.
На првите цртежи ги прикажувал животните, потоа двокатните автобуси од јавниот лондонски превоз, а потоа со прецизност почнал да црта згради иако некои од нив имал можност да ги види на само неколку секунди.
Неговите цртежи на урбаните објекти полека почнале да се претвораат во тродимензионали мапи, точни по перспектива, со прецизни форми, размер, се до најситните детали вклучувајќи ги и кантите за смет, сообраќајните знаци, обележјата на улиците како и сите други детали кои ги забележал во минување…
Стефан досега има направено десетметарски цртежи-панорами на Токио, Рим, Хонг Конг, Фракфурт, Мадрид, Дубаи, Ерусалим и на Лондон.

Колку фотографската 3Д меморија на Стефан е неверојатна, вистинско сведоштво се бројните детали на неговите панорами. Додека ја правел панорамата на Рим, дури ги нацртал и точните детали на римскиот Пантеон вклучувајќи го точниот број на столбови иако во него гледал само некоку секунди.
Во 2009. ја направи 5,5 метарската панорама на Њу Јорк, по 15 минути откако го прегледал од воздух, со точни размери без ниту една погрешно нацртана зграда, за време од три дена без дополнително да гледа фотографии од градот.
Научниците што се занимаваат со изучување на аутизмот, се уште не можат да дадат објаснување како Стефан успева за толку кусо време успева да запомни толку многу детали и без грешка да ги пренесе на хартија.
Најдобрата критика за генијалецот наречен Човек-камера, кога Стефан имаше само 10 години, даде Сер Хју Кејсон поранешниот претседател на Кралската Британска Академија кој изјави: “За наша среќа, понекогаш во јавноста се појавува млад талент – ракета, која експлодира со толку голема сила што светлото на таков талент по многу години не осветлува за да можеме се уште да ги гледаме ѕвездите. Стефан Вилтшир кој е роден со сериозни потешкотии во говорот, е токму една таква ракета. Неговото чувство за перспектива е без конкуренција. Никогаш не сум видел таков талент за цртање, таков неверојатен природен талент, ова дете е најверојатно најдобриот уметник во Велика Британија”.
Стефан Вилтшир во 2006. Го доби орденот на Британското кралство за заслуги во уметноста.
Еве дел од она што своерачно го наоравил овој генијалец























