Поради што многу луѓе сметаат дека не се креативни и дека креативноста е карактеристика на некои други и посебни луѓе?
Колку ни е потребно да сфатиме дека сите имаме креативност во себе, само треба да ја искажеме на најдобар можен начин, секако пред тоа да ги пуштиме кочниците кои во изразување на сопствената креативност знаат да не спречат во периоди од животот, а понекогаш и за цел живот!
Одличен текст на онлајн изданието „Psychology Today“, а се бави токму на таа тема.
-
Вие сте креативни
Уметникот не е посебен човек, секој од нас е посебен вид на уметник. Секој од нас е роден како креативен, спонтан мислител. Единствена разлика меѓу луѓето кои се креативни и тие кои не се е едноставно во верувањето. Креативните луѓе веруваат дека се креативни.
Луѓето кои веруваат дека не се креативни, едноставно не се. Еднаш кога имаме одреден идентитет и верба во себе, не интересира да бараме вештини кои се потребни за тој идентитет и верба да се изразат. И поради тоа луѓето кои веруваат дека се креативни стануваат креативни. Ако веруваме дека не сме креативни, немаме потреба да научиме како да станеме креативни, па поради тоа не стануваме такви.
Фактот за вербата дека не сме кративни претставува изговор за да не пробаме и да се обидеме нешто ново. Кога некој ни вели дека не е кративен, ние всушност зборуваме со некој кој нема интерес и кој нема да вложи никаков напор за да стане креативен мислител.
-
Креативното размислување е работата.
Треба да имаме страст и одлучност за да се впуштиме во процес на создавање на нови и различни идеи. Притоа треба да бидеме трпеливи за да издржиме наспроти сите неповолни околности.
Сите креативни гении работат страствено многу и создаваат неверојатен број на идеи, од кои повеќето се лоши.Всушност, повеќе лоши песни напишале славните поети отколку тие што не биле толку славни.
Томас Едисон создал 3.000 различни идеи за систем на осветлување пред да ја провери нивната практичност и економичност. Волфганг Амадеус Моцарт напишал над 600 музички дела, вклучувајќи ја 41 симфонија и некои 40 чудни опери и миси, во текот на својот кус креативен живот. Рембранд насликал околу 650 слики и 2.000 цртежи, а Пикасо направил над 20.000 дела. Шекспир напишал 154 сонети.
Некои биле врвни, некои не биле ништо подобри од тие кои неговите современици можеле да ги напишат, а некои биле едноставно лоши.
-
Мораме да поминеме низ пресвртница за да станеме креативни
Кога создаваме идеи ги надополнуваме невротрансмитерите поврзани со гените кои се вклучуваат и исклучуваат како одговор на она што го прави мозокот, а кој за возврат реагира на предизвиците. Кога минуваме низ пресвртница да дојдеме до нови идеи, го енергизираме нашиот мозок, зголемувајќи го бројот на врските меѓу невроните.
Колку повеќе време се обидуваме да дојдеме до нови идеи, толку нашиот мозок станува поактивен и стануваме повеќе креативни. Ако сакаме да станеме уметници и се што правиме е секој ден да насликаме слика, ќе станеме уметници. Можеби нема да станеме Винсент Ван Гог, но ќе станеме поголеми уметници од тие кои никогаш не пробале.
-
Нашиот мозок не е компјутер
Нашиот мозок е динамичен систем кој прво ги развива своите модели на активност од што ги пресметува како компјутер. Тој расте низ креативната енергија на повратните информации од искуствата, било реални било фиктивни.
Можеме да создадеме искуство; буквално да го креираме со помош на нашата фантазија. Човечкиот мозок не може да разликува меѓу вистинското искуство и детално замисленото искуство.
Ова откритие е она што на Алберт Ајнштајн му овозможило да ги направи своите мислени експерименти со замислени сценарија кои довеле до неговите револуционерни идеи за просторот и времето. Еден ден замислил, на пример дека се заљубил. Тогаш замислил дека жената во која се заљубил ја сретнал по два дена откако се заљубил. Тоа довело до неговата теорија за акаузалност.
Истиот процес на создавање на искусктво на Волт Дизни му овозможил да ги оживее своите фантазии.
-
Не постои само едно вистинско решение
Реалноста е неодредена т.е. не е одредена еднаш за секогаш. Небото е сино или не е сино. Тоа е црно бело размислување бидејќи небото има милијарди нијанси на сина боја. Зракот од светлината е или бран или не е бран А или не е А. Физичарите откриле дека светлината може да биде бран или атом зависно од ставот на набљудувачот.
Единствено во животот што е сигурно тоа е несигурноста. Кога ќе се обидеме да дојдеме до идеја, не треба да ги цензурираме и да проценуваме како се појавуваат. Ништо повеќе не ја убива креативноста како што тоа го прави само-цензурата на идејата додека се создава.
Да размислуваме за нашите идеи како за можности и да ги создаваме што е можно повеќе, пред да одлучиме која ќе ја избереме. Светот не е црно бел, светот е сив.
Продолжува на страна 2



















