Вода! Најздравиот пијалак кој помага при слабеење

2093

Водата е најздрав пијалак и веројатно единствен кој помага при слабеење, а притоа килограмите не се враќаат, тврдат експерти

Оваа „магична“ течност на природен начин го спречува апетитот и ги разредува маснотиите. Научниците тврдат дека намаленото конзумирање на водата може да доведе до таложење на маснотии.

– Ако се испие чаша вода пред секој оброк, побрзо се слабее отколку да се бројат калориите во секој залак, објаснува доктор Бренда Дејви, нутриционист од Универзитетот Вирџинија.

Нејзиниот тим три месеци ја анализирал телесната тежина на испитаниците и резултатите покажале дека лицата кои пред секој оброк пиеле вода загубиле седум килограми, што е дури 2,5 килограми повеќе од оние кои строго внимавале што јадат.

– Кога пред јадењето пиеме вода, чувствуваме ситост и помалку јадеме, истанува американската нутриционистка.

Супите, чорбите и останатите јадења, чија основа е водата, можат да бидат дури и поефикасни од водата. Сличен ефект се постигнува и со овошјето, зеленчукот и кашите, бидејќи премногу вода во краток временски период не е добро за организмот.

Најдобро е да се пие ладна вода, бидејќи побрзо се апсорбира, но да се избегнува мразот.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk