Ако сакате да станете лидер на работното место и сакате да се чувствувате удобно на таа позиција, следните совети со сигурност ќе ви помогнат.
Научете се да слушате
Добриот лидер е инвентивен и смислува корисни идеи. Но, вистински лидер е тој што ги слуша и ги зема во предвид и идеите на своите колеги.
Изградете си сопствен став
Вистинскиот лидер секогаш има сопствен став, за сè она што го опкружува. Не се плашете да го искажете вашето мислење, без разлика дали тоа им се допаѓа на луѓето или не.
Заштитувајте ги своите позиции
Секогаш аргументирано заштитувајте ги своите позиции. Не дозволувајте да се најдете во ситуација да дискутирате тврдоглаво и без факти.
Подобрете ги своите комуникациони способности
Ефективен лидер е тој што знае да ги искаже своите идеи и ставови на јасен и разбирлив начин.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















