Писмо на една спонзоруша до еден богаташ со интересен одговор

2658

Објавено June 28, 2016. Прочитано 46165

Девојката која преку писмо одлучила да бара богат сопруг неодамна добила одговор и тоа од генералниот директор на финансиската корпорација Ј.П. Морган. „Млада и убава девојка“ како себе си се опишала на форум, поставила прашање што треба да направи за да се омажи со богат човек.

Писмото гласи вака:

„Ќе бидам искрена во ова што ќе го напишам. Имам 25 години и многу сум убава. Имам стил и добар вкус. Желба ми е да се омажам за човек кој заработува најмалку 500 илјади долари годишно. Можеби сметате дека не сум скромна, но според мене заработувачка од милион долари годишно во Њујорк припаѓа на средна класа. Мојата желба е разумна.

Има некој на овој форум кој има годишна плата од 500 илјади долари годишно, а не е оженет? Ако има некој таков, за него имам едно прашање? Што треба да направам за да се омажам за тебе?

Оние кои досега сум ги запознала најмногу заработуваат 250 илјади годишно, и тоа изгледа е мојата горна граница, но не е доволно. Поради тоа овде ќе поставам неколку прашања:

  1. Каде најчесто се дружат богатите и неженети мажи? (наведи адреса на бар во кој излегувате)
    2. Зашто поголем дел од сопругите на богаташите имаат просечен изглед?
    3. Како одлучувате која ќе биде ваша сопруга?”

Госпоѓица Pretty.

Продолжува на страна 2