Посна слатка пита со јаболка и ореви

3654

Состојки

  • 500 гр кори за пита
  • 1 кг кисели јаболка
  • 200 гр мелени ореви
  • шеќер
  • масло
  • цимет
  • ванилин шеќер

Подготовка 

  • Јаболката излупете ги, изрендајте ги и оставете ги да се исцедат од сокот.
  • Потоа секоја втора кора пропрскајте ја со масло и вода, па редете фил од јаболка посипен со лажица шеќер, мелени ореви и цимет.
  • Редете во плех и повторно пропрскајте со масло и вода.
  • Печете во загреана печка околу половина час додека корите не поруменат.
  • Посипете со ванилин шеќер, исечете на парчиња и послужете.