Ако ме прашате која вечер би ја одбрал по свој терк – „Силно светнал ден“, без двоумење

88

Ако ме прашате која вечер би ја одбрал по свој терк – „Силно светнал ден“, без двоумење.

Не затоа што морам. Туку затоа што ова беше наше.

Онаа „елитната“ вечер некако ми остави впечаток дека треба да ми биде важна. Како да беше нешто што треба да го прифатиме затоа што некој решил дека е „елитно“. Ама музиката, за среќа, не се дели на елитна и неелитна. Или те допира – или не.

А вечерва на Плоштадот Македонија видов нешто што одамна го немам видено. Нашите музички ѕвезди – заедно.

Толку различни имиња, генерации, стилови и кариери, едни до други. Без поделби. Без тоа кој е „погоре“, кој е „погоре платен“, кој е „поважен“. Сплотени.

И искрено, мислам дека за многумина од нив ова беше првпат да се најдат на иста сцена во ваков состав. Затоа – честитки.

Со овој настан ги побивте сите оние што со години ни објаснуваат дека немаме музички ѕвезди, дека немаме со што да се пофалиме, дека „кај нас тоа не може“.

Може. И тоа како може.

Не паметам некоја од досегашните владејачки постави да организирала вака сложен настан, со толку изведувачи, продукција, сценарио и енергија – а сето тоа да тече како на лента.

И да, сигурно ќе има некој што ќе праша: „А колку чинеше?“

Колку и да чинело – вредело.

Затоа што понекогаш не се трошат пари само за да се направи настан. Понекогаш се вложува во нешто што остава слика, чувство и спомен.

А сега – маестро Џамбазов јуниор.

Вечерва не само што го оправда своето „маестрално“, туку покажа дека кога музиката ќе се стави во служба на приказната, таа може да стане повеќе од музика.

Ја долови маката, борбата, страдањето, надежта и победата на македонскиот народ.

Без кич. Без непотребно објаснување. Со музика. И затоа, мајсторе… Длабок наклон.

А на сите наши музички ѕвезди – честитки што вечерва не бевте само поединци на сцена. Бевте една сцена.

Џ.П.Џ