Музичкото училиште „Ентерпрајз“ ги објави уписите за 25-та рок сезона

100

Ентерпрајз е единственото рок училиште во Македонија и во изминативе две децении низ училиштето поминаа повеќе од 1500 ученици.

Наставата во Ентерпрајз се одвива во групи во кои се изучува соло пеење, гитара, бас гитара, тапани и клавијатури, со можности за комбинирање и паралелно изучување на повеќе сегменти.

За да станете член на големото и насмеано семејство на Ентерпрајз доволно е да имате желба за свирење или пеење (а може и двете).

Ентерпрајз работи според филозофијата дека секое дете е талентирано за музика но потребно е некој да го насочи и да го охрабри. Затоа во Ентерпрајз нема аудиции и приемни испити.

Исто така, тимот на Ентерпрајз верува дека учењето на музика треба да биде весел и забавен процес кој најлесно се реализира доколку го свирите или пеете она што го сакате. Токму затоа во Ентерпрајз учениците уште од самиот почеток имаат можност да ги изберат жанровите кои ги сакаат и преку кои ќе го изучуваат инструментот или ќе го вежбаат пеењето. А веќе на крајот на првото полугодие учениците се подготвени за првиот јавен настап на професионална сцена.

Концертите на Ентерпрајз кои се одржуваат два пати годишно, претставуваат неповторливо искуство за учениците и можност да го покажат знаењето пред огромна публика.

Како звучат и како изгледаат концертите на Ентерпрајз, погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/@EnterpriseMusicSchool

Уписите ќе се одвиваат на 2 септември 2026 година во просториите на Музичкото училиште Ентерпрајз (Трговски центар Олимпико, ул. Лондонска 19, 1000 Скопје) со почеток од 19 часот.

Сите дополнителни информации за училиштето може да ги најдете на следниов линк: https://linktr.ee/musicschoolenterprise