Кој го предизвика најголемиот „земјотрес“ во Единбург ? Видео

866

Податоците што ги мери BGS не се однесуваат на јачината на музиката или публиката, туку на движењата на фановите кои скокаат и танцуваат на музиката.

Oasis, британскиот бенд кој се врати на сцената оваа година, го сруши рекордот за сеизмички најактивен концерт во Единбург во 2009 година, градот каде што се одржаа нови концерти минатиот месец, според анализата на Британскиот геолошки завод (BGS).

Концертот на браќата Gallagher на Murrayfield„ја потресе“ земјата најмногу од сите концерти на тој стадион во шкотската престолнина во последните дваесет години, пренесува dpa.

Со ова, Oasis ги надмина Red Hot Chilli Peppers од јуни 2004 година, Kings of Leone од 2011 година и Taylor Swift минатата година, објави BGS, кој ги мери сеизмичките податоци на овие концерти преку станица оддалечена четири километри.

Настапот на Oasis беше сеизмички двојно помоќен од Red Hot Chilli Peppers, кои се на второто место, пишува dpa.

Рангирањата беа објавени пред повторните концерти на Oasis во Единбург минатиот месец – потенцијални „земјотреси“ со нови рекорди.

Податоците што ги мери BGS не се однесуваат на јачината на музиката или публиката, туку на движењата на обожавателите кои скокаат и танцуваат на музиката.

На концертот во 2009 година, најсилната сеизмичка активност беше во моментот кога „Oasis“ излегоа на сцената и ја изведоа песната „Rock ‘N’ Roll Star“.