Женска риба создала сама машки полов орган, се оплодила и размножила

3015
Cichlid

Женска хибридна риба cichlid успеала да развие машки полови органи, да се оплоди сама и да создаде генерација, соопштија британските научници, кои го набљудувале феноменот.

Тие го нарекле овој процес “селфинг” (selfing) и истакнуваат дека тој е особено редок кај ‘рбетните животни, пишува научниот сајт phys.org. Оплодувањето при таков случај на станува така што спермата и јајце клетките се мешаат во устата на рибата.

Животното ја пушта спермата во вода и потоа ја внесува орално, каде што се наоѓаат нејзините јајца. Набргу потоа рибата раѓа генерација.

Според научниците овој процес не е еднократен, а во рамките на година рибата се оплодила сама неколку пати, раѓајќи 42 свои деца. Сите тие се без физички нарушувања, а досега ниту едно од нејзините деца не се оплодило преку селфинг.

Тие сепак страдаат од она што научниците го нарекуваат “блискородствена депресија”, при што во животните имаат мал генетски диверзитет, што од своја страна може да доведе до родени дефекти при понатамошните генерации.

Kryptolebias marmoratus

Селфингот не е нешто исклучително кај рибата cichlid. Сличен процес се забележува и кај рибата Kryptolebias marmoratus. Во нејзиниот случај, сепак таа прибегнува кон самооплодувањето само кога наоколу нема соодветен партнер за создавање на поколение.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Бонус видео: