Нова закана ! Респираторните вируси можат да ги реактивираат неактивните клетки на ракот

940

Вирусите можат да ги реактивираат неактивните клетки на ракот на дојка, открива нова студија, предупредувајќи за нов ризик за пациентите кои ја надминале смртоносната болест.

Лицата кои преживеале рак на дојка, дури и оние кои со години биле во ремисија, може да носат неактивни клетки на рак кои можат да се реактивираат во присуство на вообичаени респираторни вируси, според ново истражување објавено во списанието Nature.

Резултатите од ова истражување би можеле да го променат начинот на кој пациентите се следат и заштитуваат по третманот на рак на дојка.

Студијата произлезе од моделите забележани за време на пандемијата COVID-19. Молекуларниот генетичар Jmes DeGregori од американскиот Универзитет во Колорадо и неговиот тим забележале првично необјасниво зголемување на случаите на рак по вирусни инфекции, што ги поттикнало да ја истражат врската помеѓу вирусите и неактивните клетки на ракот, особено во белите дробови.

Анализирајќи ги податоците од UK Biobank, научниците откриле дека преживеаните од рак кои биле позитивни на SARS-CoV-2 имале двојно поголем ризик од смрт поврзана со рак во споредба со оние кои не биле заразени.

Обемот на овој зголемен ризик е речиси без преседан во епидемиологијата на ракот, истакна Roel Vermeulen, епидемиолог од Универзитетот во Utrecht во Шведска и еден од коавторите на споменатото истражување.

Значаен ризик од метастази

Во посебна база на податоци од САД, која вклучува речиси 37.000 пациенти со рак на дојка, е откриено дека оние кои претходно се опоравиле од COVID-19 имале повеќе од 40% зголемен ризик од метастази на рак на дојка во белите дробови.

Понатамошните експерименти врз глувци покажале дека инфекциите со грип и новиот коронавирус можат да предизвикаат повторно будење на неактивни клетки на рак на дојка. Неколку дена по инфекцијата, клетките почнале брзо да се размножуваат.

Во рок од две недели, имало масовно ширење на клетките на ракот во метастатски лезии за повеќе од 100 пати, истакнува Shi Chia од Американскиот универзитет во Colorado и главен автор на истражувањето.

Иако разликите меѓу видовите бараат претпазливост при толкувањето на податоците од глувците… овие наоди генерално го нагласуваат значајниот метастатски ризик што COVID-19 го претставувал за преживеаните од рак, пишуваат авторите на студијата.

Клучна улога се чини дека игра воспалителниот одговор на имунолошкиот систем, особено цитокините како што е IL-6, кои можат ненамерно да го поттикнат активирањето на клетките на ракот.

Клетките на ракот во мирување се како жарчиња оставени по напуштен логорски оган, а респираторните вируси се како силен ветер што ги разгорува повторно пламените. Ако добиете респираторен вирус како грип или COVID, вашата шанса да умрете затоа што тие клетки во мирување се разбудиле е многу поголема, објасни DeGregori.

Научниците сега истражуваат дали вакцинацијата против грип или COVID-19 може да го намали овој ризик.

Извор: Science Alert