Дали симптомите на апстиненција од антидепресиви се поретки отколку што се мислело претходно ?

882

Ново истражување покажува благи симптоми на апстиненција по краткотрајна употреба на антидепресиви, но експертите предупредуваат дека резултатите ги игнорираат ризиците кај долгорочните корисници на лековите.

Новите научни докази сугерираат дека симптомите на апстиненција по краткотрајна употреба на антидепресиви може да бидат поретки отколку што се мислело претходно. Но, водечките експерти предупредуваат дека овие податоци не ја одразуваат реалноста на долготрајната употреба на антидепресиви.

Sameer Jauhar од Imperial Collegea во Лондон водел научен преглед на 49 рандомизирани контролирани испитувања.

Во овие студии, кои ги следеле симптомите една недела по прекинувањето на третманот, учесниците кои престанале да земаат антидепресиви пријавиле во просек еден симптом повеќе од оние кои продолжиле со третманот или земале плацебо.

Друга анализа покажала дека вртоглавицата е најчестиот симптом, пријавен од 7,5% од луѓето кои земаат антидепресиви, во споредба со 1,8% во плацебо групата. Исто така, било пријавено гадење, раздразливост и чувство на нестабилност, секое кај помалку од 5% од корисниците на антидепресиви и помалку од 2% во плацебо групата.

Споредба со претходни проценки

Овие резултати се значително пониски од претходните проценки. Научната анализа од 2019 година сугерирала дека повеќе од 50% од корисниците пријавуваат симптоми, но овие податоци главно се базирале на онлајн анкети.

Луѓето со потешки симптоми може да бидат посклони да се јават, изјави за „New ScientistMichael Browning од британскиот универзитет Oxford, кој не бил вклучен во истражувањето.

  • Научна анализа од 2023 година покажала дека 31% од луѓето доживеале симптоми на апстиненција, во споредба со 17% во плацебо групите. Но, анализата не прецизирала за кои симптоми станува збор, истакна Jauhar.

Долготрајната употреба во голема мера е запоставена

Навистина е важно за оваа област, бидејќи ги собира и сумира податоците од многу, многу робусни студии во кои учествуваат повеќе учесници отколку претходните, изјави Susannah Murphy за New Scientist од Универзитетот во Oxford, која исто така не беше вклучена во истражувањето.

Но, John Read од Универзитетот во East London ја критикува краткоста на испитуваните периоди за истиот портал.

Постои силна поврзаност помеѓу времетраењето на земање на овие лекови и веројатноста за појава на симптоми на апстиненција, рече Read, коментирајќи ја студијата, која беше објавена во списанието JAMA Psychiatry.

  • Тоа е како да го удриш автомобилот во ѕид со брзина од 5 километри на час и да кажеш дека е безбедно, а да го игнорираш фактот дека луѓето возат по патот со 60 километри на час, додава на крајот Mark Horowitz од University Collegea во Лондон.