Ова е револуција ! Нов лек против една од најсмртоносните болести, особено кај децата

754

Досега, малите деца биле лекувани со формули развиени за постари деца, што претставувало ризик од предозирање.

Маларијата одзема стотици илјади животи секоја година, а повеќето од починатите се деца под петгодишна возраст. Според податоците за 2023 година, маларијата е поврзана со речиси 600.000 смртни случаи, од кои речиси сите биле во Африка.

Но, тоа наскоро би можело да се промени. Имено, првиот лек за маларија, кој може да се дава на бебиња и мали деца, е одобрен за употреба. Се очекува првата апликација да може да се направи за неколку недели.

Досега, малите деца биле лекувани со формули развиени за постари деца, што претставувало ризик од предозирање. Покрај тоа, немало лек развиен специјално за бебиња со тежина помала од пет килограми.

Нов лек, развиен од фармацевтската компанија Novartis, би можел да ги промени животите на илјадници од најранливите.

Горди сме што заедно со нашите партнери го развивме првиот клинички докажан третман за маларија за доенчиња и мали деца, осигурувајќи дека најмалите и најранливите конечно можат да ја добијат грижата што ја заслужуваат, изјави извршниот директор на „Novartis“, Vas Narasimhan, во соопштение за медиумите.

Лекот е развиен во соработка со непрофитната организација „Medicines for Malaria Venture“ (MMV) и ќе биде познат како Coartem Baby или Riamet Baby. Лесен е за употреба (само растворете го во млеко) и има пријатен вкус на слатка цреша, што треба да им го олесни прифаќањето на децата.

Со оглед на тоа што стапката на смртност од маларија во Субсахарска Африка кај децата под петгодишна возраст е исклучително висока, со повеќе од 76 проценти, воведувањето на ефикасен лек за најмладите е голем чекор кон подобра иднина.