Пронајден е совршено зачуван горен дел од младенче од одамна исчезнат сабјест тигар ! Фото

1046

Совршено сочуван дел од младенче на сабјест тигар, замрзнато со милениуми, е откопано во мразот за повторно да ја раскаже приказната за одамна изумрениот предатор.

Речиси 37.000 години, замрзнатите остатоци од лежеле зачувани во вечниот мраз на Арктикот. Откриено во 2020 година во Јакутија, Русија, мумифицирано младенче на сабјест тигар нуди редок поглед на видот што шетал на Земјата за време на доцниот плеистоцен. Научниците кои ги проучувале овие остатоци, а своите наоди ги објавиле во списанието Scientific Reports.

Наоди на замрзнати мумифицирани остатоци од цицачи од доцниот плеистоцен се многу ретки. За прв пат во историјата на палеонтологијата е проучувана појавата на изумрен цицач кој нема аналози во современата фауна, објаснуваат тие.

За разлика од типичните фосилни наоди, често фрагментирани од стрвини и природни сили, телото на младенчето задржало недопрена глава, екстремитети и торзо. Во близина биле пронајдени и нецелосни коски на карлицата, бедрената коска и долниот дел на ногата обвиткана со мраз, што го прави откритието извонредно за палеонтологијата.

Се издвојуваат зачуваните карактеристики на младенчето – кратко, густо крзно, изразена муцка и широки шепи. Научниците забележале прилагодувања на студената клима, како што е недостатокот на карпални перничиња за подобро движење во снегот.

Forepaws of three-week-old large felid cubs: A, B, С, Homotherium latidens (Owen, 1846), specimen DMF AS RS, no. Met-20-1, frozen mummy, right forepaw; Russia, Republic of Sakha (Yakutia), Indigirka River basin, Badyarikha River; Upper Pleistocene: A thumb claw; B second digit claw; С plantar view; (D) Panthera leo (Linnaeus, 1758), specimen ZMMU, no. S-210286, right forepaw, plantar view; Recent. Designations: 1, first digital pad; 2, carpal pad (absent in H. latidens).

Споредбата на младенчето, кое се проценува дека е старо само три недели, со модерно младенче на лав ги открива клучните разлики: многу масивна површина на вратот, издолжени предни нозе и екстремно голема уста.

Откривањето на мумијата Homotherium latidens во Јакутија радикално го проширува разбирањето на дистрибуцијата на родот и го потврдува неговото присуство во доцниот плеистоцен во Азија, истакнаа авторите на истражувањето.

Претходно, во тој северен регион не била потврдена распространетоста на сабјестиот тигар.

The frozen mummy of Homotherium latidens (Owen, 1846), specimen DMF AS RS, no. Met-20-1, Russia, Republic of Sakha (Yakutia), Indigirka River basin, Badyarikha River; Upper Pleistocene: (A) external appearance; (B) skeleton, CT-scan, dorsal view.

Доцниот плеистоцен означи период на климатски екстреми, вклучувајќи го и последниот глацијален максимум. Разбирањето на анатомијата и адаптациите на видовите како што е сабјестиот тигар обезбедува увид во животот во овие предизвикувачки услови.

Една од впечатливите карактеристики на морфологијата на Homotherium, како кај возрасните, така и кај испитуваното младенче, е присуството на зголемена премаксиларна коска, пишуваат авторите на студијата, поврзувајќи ја оваа карактеристика со големите заби секачи.

Се планираат дополнителни студии за понатамошно испитување на анатомијата на зачуваните остатоци од младенчето и што тие откриваат за овој изумрен вид.

Извор: Science Alert

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.