Откритието сугерира дека раскажувањето приказни било еден од клучните делови на раната човечка уметничка култура во Индонезија.
Слика на ѕид од пештера на индонезискиот остров Sulawesi се чини дека е најстар доказ за сликовни приказни во уметноста, објавија научниците од австралискиот универзитет и индонезиските научни институции.
Научниците од австралискиот Griffith University, Индонезискиот National Research Institute и Innovation Agency (BRIN) и Southern Cross University откриле пештерски цртеж на кој се прикажани човечки фигури и дива свиња.
Пештерата се наоѓа на островот Sulawesi во област каде што преовладува карбонатната подлога, главно варовник и со анализа на тенките слоеви на калциум карбонат што се формирал на површината на сликата, научниците успеале да утврдат дека таа е создадена пред 51.200 години, што ја прави најстара, со сигурност датиран примерок на пештерска уметност во светот и на најраната наративна уметност.
Нашите резултати се изненадувачки: ниту една од познатите слики од леденото доба во Европа не е ни приближно стара колку оваа, освен некои контроверзни локации во Шпанија. Ова е, исто така, прв пат карпестата уметност во Индонезија да надмине 50.000 години старост, рече водачот на истражувањето Adhi Agus Oktaviana.
Adam Brumm, кој го води истражувањето заедно со него, рече дека откритието води до заклучок дека раскажувањето приказни било еден од клучните делови на раната човечка уметничка култура во Индонезија.

Луѓето веројатно раскажуваат приказни многу подолго од тие 51.200 години, но бидејќи зборовите не можат да се фосилизираат, можеме да се потпреме само на индиректни докази како што се сликање сцени од животот на уметнички начин и Sulawesi сега е најстариот таков доказ познат на археологијата, кажа Brumm.



















