На астрономите им олесна ! Огромниот астероид Apophis сепак нема да ја удри Земјата

879

Симулациите на астрономите потврдуваат дека нема предвидливи закани од судирот на астероидот Apophis со нашата планета.

Астероидот Apophis со години е на радарот на научниците, а на пошироката јавност и стана познат поради Двојниот тест за пренасочување на астероидот (DART) на NASA, кој покажа дека е можно да се смени траекторијата на астероид со помош на ракета. Но, токму овој тест, кој ја промени неговата траекторија, ги загрижи научниците.

А што ако Apophis се движи кон Земјата со изменета траекторија?

За да ги расчистат сите сомнежи, астрономите Paul Wiegert и Ben Hyatt ги анализирале орбитите на 1,3 милиони познати астероиди во Сончевиот систем. Нивниот заклучок е како олеснување за научниците, но и за остатокот од населението.

Имено, нивната анализа не предвидува дека некој астероид во блиска иднина ќе се судри со Apophis и на тој начин да го турне кон Земјата.

Хипотетички, друг астероид кој би се судрил со Apophis би можел да предизвика такво отклонување, што не мотивира да го проучуваме ова сценарио, колку и да е малку веројатно, истакнува Hyatt.

Занемарлив ризик

Првично идентификуван во 2004 година, Apophis претставувал потенцијална закана со 2,7 отсто шанси да удри во Земјата за време на неговото прелетување во 2029 година.

Последователните мерења за време на прелетувањето во 2021 година ја отстраниле оваа загриженост во догледна иднина. Сепак, астрономите се обидоа да ги отфрлат сите можности со оглед на егзистенцијалната закана што ја претставуваат астероидите.

Wiegert и Hyatt направиле симулации врз основа на сегашните податоци и утврдиле дека нема опасност од судир. Иако Apophis може да помине блиску до друг астероид, Xanthus, во декември 2026 година, симулациите укажуваат на незначителен ризик од судир, дури и ако има невидливи остатоци кои го следат Xanthus.

Ги пресметавме траекториите на сите познати астероиди користејќи детална компјутерска симулација на Сончевиот систем. За среќа, не се очекуваат такви судири, вели Wiegert.

Со нивното истражување прифатено во списанието Planetary Science Journal и достапно во складиштето за претходно печатење arXiv, фокусот сега се префрла на потенцијалните закани од непознати астероиди.

Додека астрономите се трудат да ги разберат и ублажат потенцијалните опасности, откритијата на Wiegert и Hyatt придонесуваат за нашето разбирање за сложената динамика на астероидите во нашиот Сончев систем.

Извор: Science Alert