Научниците откриле револуционерен метод за лекување на рак кој уништува 99 отсто од канцерогените клетки

1381

Научниците откриле револуционерен молекуларен чекан, кој користи светлина за прецизно уништување на клетките на ракот.

Американските научници од Rice University, Texas A&M University и University of Texas идентификуваа нов метод за борба против клетките на ракот.

Користејќи блиска инфрацрвена светлина за стимулирање на молекулите на аминоцијанинот, научниците предизвикале синхронизирани вибрации, ефикасно пробивајќи ги мембраните на клетките на ракот.

Молекулите на аминоцијанин, кои вообичаено се користат во био-слики, се покажале како исклучителни поради нивната стабилност во вода и способноста да се прилепуваат кон надворешноста на клетките, особено корисни за откривање на рак при ниски дози.

Тие се повеќе од милион пати побрзи во нивното механичко движење од поранешните Ferring motors (хемиски подвижен ротирачки молекуларен мотор) и можат да се активираат со блиска инфрацрвена светлина, наместо со видлива светлина, објаснува хемичарот James Tour, опишувајќи ја иновацијата како нова ера на молекуларни машини.

Неинвазивен третман со значителен успех

Употребата на блиска инфрацрвена светлина е значајна, бидејќи овозможува пенетрација длабоко во телото, потенцијално олеснувајќи го нехируршкиот третман на ракот во коските и органите.

Во експериментите на култивирани клетки на ракот, техниката на молекуларен чекан покажа извонредна стапка на успех од 99 проценти во уништувањето на канцерогените клетки. Експериментите на глувци со тумори на меланом резултирале со половина од испитаниците да се излечат од нивниот рак. Истражувањето поврзано со ова е објавено во списанието Nature Chemistry.

Како функционира механизмот за вибрации – Jackhammer Diagram (Ciceron Ayala-Orozco et al., Nature Chemistry, 2023)

Ова е прв пат молекуларен плазмон да се користи на овој начин, за да се возбуди цела молекула и всушност да произведе механичко дејство што се користи за да се постигне одредена цел – во овој случај, кинење на мембраната на клетките на ракот, вели хемичарот Ciceron Ayala-Orozco.

Синхронизираните вибрации, кои се активираат од плазмоните формирани од електроните во движење во молекулите, ефикасно се врзуваат за мембраните на клетките на ракот, по што тие ги разградуваат.

И покрај тоа што е во рана фаза, откритието ветува директен, биомеханички пристап кој би можел да ги предизвика клетките на ракот да развијат отпорност. Научниците сега истражуваат други молекули со сличен потенцијал.