Маснотиите што се акумулираат во пределот на стомакот, но не било која маснотија во секое време, може да влијае на мозокот.
Една нова студија ги поврзува висцералните, или абдоминалните маснотии во четириесеттите и педесеттите години со подоцнежна дијагноза на Алцхајмерова болест.
Научниците истакнуваат дека виновникот за тоа не е никакво наталожено сало.
Тие објаснуваат дека тоа е стомачна маст насобрана длабоко во стомакот, која ги опкружува абдоминалните органи, а позната е и како висцерална маст и треба да се разликува од поткожното сало кое се наоѓа веднаш под кожата.
Истражувачите кои работеле на оваа студија откриваат дека салото на стомакот предизвикува воспаление кое може да влијае на мозокот и да биде претходник на раните фази на Алцхајмерова болест неколку децении пред да се манифестира.
Веќе некое време знаеме дека како што стомакот станува се поголем, мемориските центри во мозокот се помали, вели д-р Richard Isaacson, невролог од Институтот за невродегенеративни болести во Флорида, кој ја проучува Алцхајмеровата болест, но не бил вклучен во студијата.
Истражувањето покажува невроинфламаторен маркер за сликање на мозокот што не сум го видел досега. Снимањето на мозокот сугерира дека абдоминалната маснотија, или висцералната маст, може да биде поврзана со дисфункција на мозокот преку воспалителна каскада.
Резултатите од нивната студија биле презентирани во ноември на годишната конференција на Радиолошкото друштво на Северна Америка во Чикаго.
Истражувачите ја проучувале состојбата на 54 когнитивно здрави учесници во студијата на возраст меѓу 40 и 60 години, чиј просечен индекс на телесна маса (БМИ) бил 32.
Оние со повисок сооднос на висцерално и поткожно масно ткиво, исто така, имале повисоки нивоа на амилоид протеин (кој е поврзан со развојот на Алцхајмерова болест) во делот од мозокот каде што болеста се манифестира кога првпат се појавува.
Се чини дека оваа маст предизвикала и воспаление на мозокот, што е уште еден поттик за развој на Алцхајмерова болест.
Сето горенаведено е забележано почесто кај машката популација, а поретко кај жените. Се покажало дека овие состојби се поврзани со промени во мозокот на пациентите цели 15 години пред да се појават најраните симптоми на Алцхајмерова болест.
Во исто време, треба да се забележи дека висцералните масти можат да се изгубат и добро реагираат на промените во исхраната, како и на физичката активност, изјави еден од авторите на студијата, д-р Cyrus Raji, вонреден професор по радиологија на Faculty of Medicine на Washington University во St. Louis.



















