Едно ново истражување открива уникатен репродуктивен метод кај лилјаците.
Eptesicus serotinus е првиот познат вид меѓу сите цицачи кој има специфичен начин на парење – без пенетрација.
Тим научници предводени од зоологот Николас Фасел од Универзитетот во Лозана (Швајцарија) анализирале снимки од 93 пара лилјаци за време на парењето со видео камери инсталирани во црква во Холандија и во украински центар за спасување лилјаци.
Снимката откри дека мажјакот го користи својот пенис како рака за да ја движи заштитната мембрана од вулвата на женката, наместо традиционална пенетрација.
Овој необичен метод на парење траел во просек помалку од 53 минути, иако се забележани и екстремно долги средби, како онаа која траела повеќе од 12 часа. Ваквото однесување потсетува на „клоачниот бакнеж“ (cloacal kiss), метод на парење карактеристичен за многу птици.

Научниците ја проучувале неусогласеноста помеѓу гениталиите на овие лилјаци. Имено, машкиот пенис е седум пати подолг од женската вагина, со главче во облик на срце, кој е седум пати поширок од отворот на вагината. Тоа укажува дека пенетрацијата е тешка или невозможна, па затоа мажјакот ги користи гениталиите како „копулативна рака“.
И покрај чудноста на феноменот, истражувачите допрва треба целосно да го докажат трансферот на сперма, што останува отворено прашање за идните истражувања. Овие наоди би можеле да придонесат за стратегии за вештачко оплодување на лилјаците, а истражувањето може да обезбеди информации за репродукција на други видови лилјаци, вклучувајќи ги и загрозените.



















