Музиката што ја слушате во вашите соништа наскоро би можела да се репродуцира во реалност | Видео

942

Руските научници развиле систем кој ги преведува движењата на рацете за време на луцидните соништа во снимени мелодии, потенцијално дозволувајќи им на луѓето да свират и да создаваат музика во нивните соништа.

Системот што моментално го развива рускиот стартап REMspace, кој е дел од Phase Research Center, ветува дека ќе ги сними мелодиите што луѓето ги слушаат во нивните соништа.

Комбинирајќи хардвер и софтвер, овој иновативен систем ги дешифрира мелодиите произведени со движење на рацете за време на луцидни соништа.

Луцидното сонување, свесноста дека сте во сон додека сонувате, е клучот за овој систем. Научниците долго време се обидуваат да воспостават комуникација со мозокот за време на луцидни соништа.

Системот покажа ветувачки резултати

Во нова револуционерна студија, објавена во списанието Dreaming, четворица луцидни сонувачи се тренирале да свират музички ритми со истегнување на мускулите на рацете опремени со електромиографски (EMG) сензори. После тоа, овие волонтери добија задача да предизвикаат луцидни соништа и да ја реплицираат ритмичката задача под полисомнографски мониторинг во лабораториски услови.

Додека биле будни, волонтерите научиле да ја свират песната на Queen, „We Will Rock You“, со движења на рацете. Неверојатно, три од четворица волонтери можеле да го повторат истиот ритам за време на нивните луцидни соништа. Овие снимени сигнали и обрасци се обработуваат со помош на прилагодена софтверска програма, ефикасно преведувајќи го ритамот и репродуцирајќи го ритамот на песната. Некои обиди не успеале поради слабите движења на рацете, но сепак боле направени три успешни снимки.

Клучот е луцидното сонување, но и предизвикот

Иако гореспоменатиот експеримент се фокусирал на едноставен ритам со две ноти, научниците веруваат дека со понатамошна обука, поединците потенцијално би можеле да изведуваат посложени песни или дури и да учествуваат во оркестарски изведби во царството на соништата. Но, предуслов за сето тоа се самите луцидни соништа.

И покрај некои неодамнешни достигнувања, сигурно предизвикување луцидни соништа останува предизвик, бидејќи речиси половина од населението никогаш не ги доживеале.

Сè додека сегашната технологија не претрпи понатамошен развој, оние кои сакаат да се сеќаваат на мелодиите од соништата во реалноста мора да се потпрат на потпевнување на мелодијата во апликација за снимање откако ќе се разбудат. Сепак, новата студија го истакнува значајниот потенцијал на споменатата иновација.

Резултатите покажуваат доказ за концептот за остварување на мелодиите од соништата. Тројца од четири учесници ја завршиле експерименталната задача и во повеќето обиди можеле да пренесат ритмички звуци од луцидни соништа, истакнуваат авторите на студијата.