Дали е ова иднината на медицината ? Кинеските научници го отворија патот за „производство“ на органи за донација

1291

Научниците истакнуваат дека постапката допрва треба да се подобри.

Научниците од институтот во кинескиот град Guangzhou успеале да развијат бубрежно ткиво со претежно човечки клетки од свински ембриони, што го отвори патот за „производство“ на органи за донација.

Тимот, предводен од Liangxue Lai од Институтот за биомедицина и здравје, ја објави студијата во научното списание Stem Cell.

Нивната работа зависела од „исклучувањето“ на гените SIX1 и SALL1 во ембрионите со помош на Crispr/Cas – алатка која често се опишува како генетски ножици.

Тоа значи дека ембрионите не развиле свински бубрег и дека е формирана празнина во која се вметнати т.н. „плурипотентни“ човечки матични клетки од папочната врвца.

Вака развиените бубрези содржеле повеќе од една третина од свински клетки, што може да доведе до отфрлање во случај на трансплантација, велат научниците кои нагласуваат дека процедурата допрва треба да се подобри.