Лутата храна го подобрува здравјето ! Побрзо согорува калории, ја зголемува циркулацијата, а еве како влијае на срцето

998

Истражувањата покажаа дека јадењето лута храна може позитивно да влијае на вашето тело.

Многу луѓе се љубители на лута и зачинета храна, но веројатно не размислуваат како таа влијае на нашето тело.

Всушност лутите зачини можат да го подобрат вашето здравје.

Зачините се дел од секоја национална кујна и го збогатуваат вкусот на многу јадења, но ретко размислуваме како лутата храна влијае на нашето тело.

Она што сигурно го знаеме е фактот дека лутата храна дава чувство на внатрешна топлина и го поттикнува апетитот, а според лекарите, лутите зачини не само што додаваат вкус на јадењата, туку и го подобруваат нашето здравје.

Истражувањата покажуваат дека кога јадете лута храна, температурата на вашето тело се зголемува, што пак го стимулира вашиот метаболизам и го зголемува согорувањето на мастите до 16 проценти. Како резултат на тоа, вашето тело побрзо согорува калории.

Консумирането лута храна за време на оброците всушност може да ви помогне да го намалите внесот на калории. Тоа е затоа што капсаициноидите во зачинетата храна, како чили пиперките, се покажа дека ја намалуваат желбата за масна, слатка и солена храна.

Во исто време, додека го намалуваат внесот на калории, лутата храна може да ја намали нездравата желба за солена храна.

Според една студија од 2017 година, лутата храна всушност ја зголемува нашата чувствителност на адитиви во храната како солта, која може да се најде во многу преработена храна.

Лутата храна исто така може да го подобри целокупното здравје на срцето. Истражувањата покажаа дека зачинетата храна ја зголемува циркулацијата и го намалува крвниот притисок.