НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ НА АРХЕОЛОЗИТЕ | Старо е повеќе од 3.000 години, а вака изгледа | Фото

1606

Бронзен меч направен пред повеќе од 3.000 години е откриен во Германија и е толку добро сочуван што „речиси свети“, соопшти Баварската државна канцеларија за зачувување на историските споменици.

Во соопштението се наведува дека мечот, за кој се верува дека потекнува од средината на бронзеното доба до крајот на 14 век п.н.е., бил пронајден за време на ископувањата минатата недела во Нордлинген, град кој се наоѓа помеѓу Нирнберг и Штутгарт во јужна Германија, објави Асошиетед прес.

Мечот има цврста осмоаголна рачка и е пронајден во гроб каде што биле закопани три лица, заедно со други бронзени предмети, а според извештајот не е јасно дали трите лица биле во роднинска врска.

– Мечот и остатоците допрва треба да се испитаат за археолозите попрецизно да го категоризираат овој наод. Но, веќе можеме да кажеме дека состојбата на зачувување е извонредна – изјави шефот на канцеларијата Матијас Феил и додаде дека вакво откритие е многу ретко.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.