Ако некогаш сте помислиле колку би било убаво да го гледате Марс во (повеќе или помалку) реално време, денеска имате прилика за тоа.
Европската вселенска агенција (ESA) го објави првиот пренос во живо од Марс. Првата фотографија од Mars Express која пристигна е неквалитетна и преекспонирана, но со секоја наредна слика квалитетот малку ќе се подобрува, објаснија презентерите.
Mars Express се движи околу Марс и всушност наскоро ќе биде во неговото затемнување, односно отсечен од Сонцето, а страната што може да се види на фотографиите во живо е темната страна на Црвената планета.
Во еден момент фотографиите престанале да пристигнуваат во директен пренос, но не поради грешка на Mars Express, туку поради лошото време во близина на станицата во Шпанија која ги добива овие фотографии од орбитата на Марс, но проблемот бил само привремен.
Орбитерот Mars Express на ESA споделува нови слики со Земјата на секои 50 секунди. Mars Express се наоѓа на повеќе од 17 километри над површината на Марс.
ESA е домаќин на пренос во живо за да го прослави 20-тиот роденден на Mars Express, сонда која требала да има животен век од само две години. Тие се оградиле дека сликите ќе бидат со слаб квалитет бидејќи опремата е стара.
Станува збор за стара камера, првично планирана за инженерски цели, на оддалеченост од речиси три милиони километри од Земјата и таа сè уште не е тестирана. Да бидам искрен, не сме 100% сигурни дека ќе функционира, но јас сум прилично оптимист. Обично гледаме слики од Марс и знаеме дека се направени пред неколку дена.
„Возбуден сум што го гледам Марс онаков каков што е сега“, објаснува James Godfrey, шеф за операции на вселенски летала во ESA Mission Control Center in Darmstadt, Germany.
Треба да се напомене дека иако настанот е во живо, потребни биле 22 минути за податоците да поминат повеќе од 300 милиони километри од Марс до Земјата.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















